Белетристика
Патот на призраците
Патот на призрацитеИлјада деветстотини и осумнаесетта година, последните месеци од војната. Армискиот психијатар Вилијам Риверс е сè позагрижен за луѓето на кои им пружил нега – особено Били Приор, кој само што не се вратил на боиштата во Франција заедно со младиот поет Вилфред Овен. И додека Риверс се обидува да сфати што, ако воопшто нешто, направил за да му помогне на повредениот човек, Приор и Овен се во исчекување на последните битки од војната која на суров начин десеткуваше една цела генерација…
„Патот на призраците“ е добитник на Букеровата награда, сведочејќи за ужасните последни месеци на Првата светска војна.
350 ден 175 денВо кошничка
Пламенот во дланка
Пламенот во дланкаДобитник на наградата Гонкур за 1917 година, Анри Малерб, полковник во 43-тиот артилерски пешадиски полк. Неговото дело има особен литературен квалитет. Таа отворена објективност го ослободила од сета должност за точност, и се потврдува дека делото страда поради тоа. Стилот е малку застарен, со некои поттици, понекогаш херојски, понекогаш злокобни, се чувствува малку прашина. Но, лириката (Малерб подоцна пишувал и музички рецензии) останува пријатна, а некои пасуси се навистина прекрасни.
200 ден 100 денВо кошничка
Познатиот свет
Познатиот светРоманот зборува за животот на Хенри Таунсенд, човек кој успеал од некогашен роб да стане фармер благодарение на Вилијам Робинс, најмоќниот човек во округот Манчестер.
Неговата неверојатна дисциплина е таа која му помага никогаш да не наиде на проблеми со законот, вредно вршејќи ја својата работа и грижејќи се за семејството. Но смртта неочекувано решава да затропа на неговата врата, земајќи го со себе и оставајќи ја неговата жена да се справи со сите нешта.
На еден смел и неверојатно амбициозен начин авторот нè води низ животот на робовите и нè тера да се запрашаме што значи зборот морал и какви импликации носи тој со себе.
Дали е возможно моралноста да зависи од бојата на кожата, социјалната подреденост или нечие потекло се прашањата кои ќе ви одѕвонуваат во главата долго откако ќе ја прочитате книгата.
350 ден 175 денВо кошничка
Последниот праведник
Последниот праведникКнигата на одличен начин ја покажува омразата која владее во општеството, расцепкано и поделено, по секоја можна основа. Дали тоа што некој е евреин, црнец, хомосексуалец, хиспанец, бездомник е доволно за тој да се означи како лош човек кој на себе навлекол несреќа уште во моментот кога се родил и започнал да живее на овој свет?
Дали светот е толку желен за крвопролевање и одмазда што веќе и не избира мотив и причина, туку секој оној кој барем малку е поинаков од општоприфатените норми и стандарди треба веднаш да биде отстранет од лицето на Земјата, бидејќи на тој начин го загрозува постоењето на другите?
350 ден 175 денВо кошничка
Смртта во Рим
Смртта во РимДелото на извонреден начин успева да ги прикаже историските случки поврзани со Холокаустот, конфликтите меѓу различните генерации, но и чувството на вина, тага и жал, претворени во тишина кога треба да се зборува за минатото.
Главните ликови на некој начин го прикажуваат лицето на Германија, уморно, повредено, тажно, виновно после огромното крвопролевање и тешката војна од која никој не излегува како победник.
250 ден 125 денВо кошничка
Стабат матер
Стабат матерСесилија, виолинистка, одвај јаде и не може да спие од немирот кој секоја ноќ се спушта над нејзиниот кревет. Токму затоа таа ги поминува ноќите во еден таен дел од сиропиталиштето, до кој знае да дојде дури и со затворени очи, пишувајќи ѝ писма на својата мајка, која никогаш не ја запознала. Музиката е единственото нешто кое може да и ја понуди толку потребната утеха. За неа музиката е насекаде, во крикот на птиците, во дувањето на ветрот, во звукот на гондолите кои пловат низ безбројните канали на Венеција… но најмногу внатре во неа, во нејзината душа. Доаѓањето на новиот учител по виолина и композитор, Антонио Вивалди, ќе ја натера да размислува за нешта кои никогаш претходно не ги ни помислила. Таа ќе биде неговата а тој нејзина инспирација. Негова за да го создаде делото по кое ќе остане запомнет засекогаш, а нејзина за да го направи најхрабриот избор во нејзиниот живот и да тргне во авантура кон непознатото.
200 ден 100 денВо кошничка
Туѓи писма
Туѓи писмаНапишан во 1968 година, а за првпат издаден во 1997 година, скоро триесет години подоцна.
Доколку романот излегол во печат во периодот кога е создаден, секако ќе завршел неславно. Во тоа време ќе го осуделе како „идеолошки пресврт“ и „клеветничка невистина“.
Денес, повеќето гледаат на приказната како носталгија за она доброто што некогаш живеело во душата на луѓето и покрај сите парализирачки надворешни околности.
Со читање на романот се навраќаме на шеесеттите и седумдесеттите години. По неколку прочитани страници, се добива впечаток дека приказната содржи премногу детали.
Но, тоа е само стилската алатка на Александар Морозов.
200 ден 100 денВо кошничка
Хуго и Џозефина
Хуго и ЏозефинаЕдно утро кое долго ќе го памети, Џозефина – ќерката на селскиот свештеник – која е креативна, а некогаш и непослушна, сфаќа дека не е сама на патот кон училиштето.
Нејзиниот нов пријател е безгрижниот, но, сепак, необично зрел Хуго, кој живее длабоко во шумата, а оди на училиште само кога нема попаметна работа.
Така, Џозефина веќе не е она дете што не може да се вклопи во друштвото, а училиштето за неа оттогаш станува сосема поинакво – благодарение на Хуго.
Во 1967 година, романот ја добива својата филмска екранизација и ја добива престижната филмска награда од Шведскиот филмски институт, додека во 1974 година се закитува со престижната книжевна награда за детска литература „Ханс Кристијан Андерсен“.
200 ден 100 денВо кошничка
Царски водопади
Царски водопадиРоман кој ја раскажува приказната за две семејства кои судбината решава да ги спои на еден чуден начин.
Вајтингови се богато семејство и сопственици на фабриките за текстил и кошули во кои работат голем дел од жителите на Царските водопади. Сепак се чини дека сите мажи во семејството се проколнати да се оженат за жени кои ќе им го претворат животот во пекол и на крајот ќе ги надживеат.
Извонредна приказна за длабочината на човечките чувства и за тоа што сè сме подготвени да направиме за луѓето кои ги сакаме.
500 ден 250 денВо кошничка