Shop
Хуго и Џозефина
Хуго и ЏозефинаЕдно утро кое долго ќе го памети, Џозефина – ќерката на селскиот свештеник – која е креативна, а некогаш и непослушна, сфаќа дека не е сама на патот кон училиштето.
Нејзиниот нов пријател е безгрижниот, но, сепак, необично зрел Хуго, кој живее длабоко во шумата, а оди на училиште само кога нема попаметна работа.
Така, Џозефина веќе не е она дете што не може да се вклопи во друштвото, а училиштето за неа оттогаш станува сосема поинакво – благодарение на Хуго.
Во 1967 година, романот ја добива својата филмска екранизација и ја добива престижната филмска награда од Шведскиот филмски институт, додека во 1974 година се закитува со престижната книжевна награда за детска литература „Ханс Кристијан Андерсен“.
200 денВо кошничка
Царски водопади
Царски водопадиРоман кој ја раскажува приказната за две семејства кои судбината решава да ги спои на еден чуден начин.
Вајтингови се богато семејство и сопственици на фабриките за текстил и кошули во кои работат голем дел од жителите на Царските водопади. Сепак се чини дека сите мажи во семејството се проколнати да се оженат за жени кои ќе им го претворат животот во пекол и на крајот ќе ги надживеат.
Извонредна приказна за длабочината на човечките чувства и за тоа што сè сме подготвени да направиме за луѓето кои ги сакаме.
500 денВо кошничка
Царството на среќната детелинка
Царството на среќната детелинкаТаму некаде далеку постои Кралството на среќната детелинка, во кое кралицата Лили и малите виолетови човечиња ја исполнуваат желбата на добрите деца. Ако сте дете, прочитајте ја оваа приказна и замислете желба. Таа сигурно ќе ви се оствари. Тоа не можат да го спречат ниту лошиот волшебник Бла Бла Ду, ниту пакосните мајмуни Озо и Бозо, ниту алергичниот змеј. Имајте ја оваа приказна секогаш под јастукот, и бидете среќни, како среќните мали виолетови луѓе.
250 денВо кошничка
Четворицата кралеви
Четворицата кралевиНивните имиња се легендарни: Шугар Реј Леонард, Марвелос Марвин Хаглер, Томас Хитмен Хернс и Роберто Дуран. Иисклучителни боксери со уникатни комбинации на моќ и брзина. Со незаборавна храброст и вештина, тие владееја со рингот и ја освоија последната Златна ера во боксот. Ова е еден авторитативен поглед на ривалствата што ја движеа оваа голема ера во спортската историја. Ветеранскиот спортски новинар Кимбал направи репортажа за меѓусебните борби на секој од четворицата кралеви. Овде, неговото сведоштво е надополнето со неодамнешни интервјуа со секој од боксерите и други искусни аналитичари. Резултатот е динамичен преглед и преглед „удар по удар“ на четворица исклучителни противници и на една неверојатна епоха во боксот.
1,500 денВо кошничка