Миле Костов
Вонземјанинот од наше маало
Вонземјанинот од наше маалоВо една неверојатна авантура, бегајќи од машините пратени да ја заробат, ќе го открие своето супериорно потекло. Одличен научно-фантастичен роман за деца што ќе им ја разгори фантазијата кај вашите најмили, притоа поттикнувајќи ја и креативноста.
150 денВо кошничка
Детски комплет
Детски комплетДетски комплет
Разбудете ја фантазијата кај вашите најмили и внесете еден поинаков начин на детска возбуда и љубов кон пишаниот збор.
- Вонземјанинот од наше маало – Миле Костов
- Хуго и Џозефина – Марија Грипе
250 денВо кошничка
Комплет Мисија
Комплет Мисија420 денВо кошничка
Мисија
МисијаСкопје, Градски Парк
Поручникот Санчез полека го возеше армискиот џип со ознаки на КФОР движејќи се кон градскиот парк во Скопје. Пушти долги светла да има подобра прегледност на патот. Беше напнат. Гласот на девојката што го повика беше пријатен и му остави впечаток на сериозност. Му нудеше шанса да напредува во кариерата и да се приближи до Вашингтон. Му беше здодеало на Балканот, заборавен, без можност за промоција. Девојко, подобро да го имаш тоа што го кажуваш, си рече и погледна кон пиштолот кој го имаше оставено на совозачкото седиште. Една минута до полноќ, погледна на часовникот. Само што помисли да посегне по мобилниот телефон… заѕвони.
300 денВо кошничка
Мисија 2
Мисија 2„Не се плашам! Не се плашам! Не се плашам!“, повторуваше додека ја приближуваше инјекцијата кон подлактницата. Го допре врвот на иглата до набрекнатата вена. Забрзано дишеше. Му беше страв. Не само што немаше смелост да ја забоде иглата во вената, туку се плашеше и од содржината во шприцот. Посакуваше да може да ја консумира течноста орално, но во тој случај одбранбениот систем на неговото тело веднаш ќе почне да дејствува и ензимите во плунката ќе го неутрализираат дејството на растворот уште пред да дојде во допир со крвта. Целта беше влијанието да дојде до централниот нервен систем, онаму каде што требаше да се постигне промената.
300 денВо кошничка