Христо Матов
Востанички дејствија
Востанички дејствија(72) Христо Матов го компонирал трудот во четири глави, поделени на поглавја. Покрај разработката на прашањата за организација на дејствијата, задачите на четите, начинот на дејствување, проблемот со храна и муниција, прашањето – што со ненаоружаното население, жените и децата?, посебно го подвлекува прашањето за планот на востаничките дејствија. Аналитички ги изложува причините за потребата да се остават началниците (револуционерните раководители) слободни, сами да решаваат според времето потребите и според можностите. Заслужува да се подвлече и неговото гледање на прашањето „да има или да нема востание“.
300 денВо кошничка
Мојата револуционерна дејност
Мојата револуционерна дејност(71) Со презир кон лицемерната скромност Христо Матов во овој ракопис „сократовски“, како што вели тој, ги истакнува своите заслуги за Револуционерната организација. Припишувајќи си ја најголемата заслуга за создавање на организационо-агитаторските, околиските, селските, реонските чети на Организацијата. Меѓу другото за себе ќе рече: никој во Организацијата не издржал така долго време и непрекинливо да биде корисен. Многумина во разно време се повлекуваа – или засекогаш или за одредено време, јас – не. Сепак му оддава голема заслуга на Даме Груев. Го смета за најзаслужен за Организацијата. Сам ги собрал во овој ракопис и позитивните критики и оценки за него од неговите соработници.
200 денВо кошничка
Основи на Внатрешната револуционерна организација
Основи на Внатрешната револуционерна организација150 денВо кошничка
Основи на Внатрешната револуционерна организација
Основи на Внатрешната револуционерна организација(18) Ова дело е прва теоретско-програмска брошура, што Христо Матов ја напишал по Илинденското востание во март-април 1904 година. Во брошурата Х. Матов теоретски ги разработува принципите на Македонската револуционерна организација, во која посочува пет основни принципи врз кои се изградува ВМОРО.
150 денВо кошничка
Основи на Внатрешната револуционерна организација
Основи на Внатрешната револуционерна организација200 денВо кошничка
Основи на Внатрешната револуционерна организација
Основи на Внатрешната револуционерна организација(74) Перото на Матов има јасен телеграфски стил. Во оваа книга прави теоретска разработка на принципите на Внатрешната револуционерна организација. И така, за основни принципи на Внатрешната организација ги смета: Принципот на автономијата; Принципот на внатрешноста (населението се ослонува, пред сè, на себеси – на своите организирани сили); Принципот на револуционерната борба; Принципот на политичко – економската почва и Принципот на самостојноста (независна организација). Така, според авторот, Организацијата произлегувајќи од горенаведените пет основни принципи, во својот историски развој и стекнато искуство присвоила и кристализирала одредени поконкретни позиции и форми (институции), или наречени со еден збор норми, коишто имаат принципиелен карактер и го изразуваат прописниот ред на организациските работи.
200 денВо кошничка
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација300 денВо кошничка
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација(73) Во книгата Матов ја разработува изборната норматива на Внатрешната револуционерна организација, повеќе во суштинска отколку во формална смисла. Ја развива теоријата за применетиот начин на назначувањето на раководители, раководни тела, судски тела на Организацијата, револуционери – за учители… Го елаборира системот на управување на Организацијата, подржувајќи ја тезата за непостоење на цврста централизација во тоа управување. Всушност гледањето од несогласувачите со него дека Организацијата е централизирана го демантира со своето гледање на оваа состојба како на организационо единство. Го нагласува повеќе моралното влијание отколку влијанието од позиција на власт на повисоките началства на Организацијата во моментите кога требало да се потврди или да се одрекне нешто од подолното управно тело. Во таа смисла ја прави и споредбата со примената на заветот на Александар Македонски „На најдостоинствениот!“.
300 денВо кошничка