Почни ја годината со добро психичко и физичко здравје
На почетокот на секоја година правиме листи како ќе се храниме поздраво, ќе вежбаме почесто, ќе пиеме барем 1 литар вода дневно, ќе внимаваме на благото и алкохолот… И сето тоа би било супер, да не трае само во првите денови од јануари.
Прирачникот за добро психичко и физичко здравје може да го читате во текот на целата година и да ви биде водич на еден здрав почеток.
„ Добро едуцираниот пациент постојано работи на подигнување на своето здравје и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил…“ е само мал дел од прирачникот со генијален наслов – 50 здравствени совети за првите 100 години од животот.
Па, да бидеме здрави барем првите 100 години
Во оваа книга ќе најдете разни факти поврзани со здравјето кои ќе ви помогнат да бидете поодговорни кон сопственото, но и здравјето на луѓето околу вас.
Како што вели авторот: „Добро едуцираниот пациент е бенефит за сите: го штеди своето време, своето здравје и целиот здравствен систем…“