Џонатан Лител
Добронамерниците
Добронамерниците„Добронамерниците“ е книга која ја раскажува приказнаѕа на Максимилијан Ауе, некогашен офицер на Шуцштафел, кој години подоцна се сеќава на сето она кое го видел и почуствувал како дел од војската на Третиот рајх.
Многу страшни битки како таа за Сталинград, посетата на Берлин и окупираната Франција и сите нешта кои ги видел притоа, се можеби неспоредливо нешто со она што го чека во моментот кога добива прераспоредување и работна задача како советник во концентрационен логор.
Станувајќи сведок на се она што се случувало на ваквите места, имајќи можност дури и да посетидел од познатите „логори на смртта“ , тој на некој чуден и речиси неверојатен начин успева да се апстрахира и да гледа на сето тоа како некаков нем набљудувач.
Но можно ли е да се остане целосно „глув и слеп“ пред сите тие страшни врисоци кои војната ги носи со себе? Можно ли е да се заборават погледите на сите тие луѓе чии животи згаснале заради нечија луцидна замисла?
Или некогаш, доцна во ноќта, тие се враќаат и бараат од вас да ја раскажете нивната приказна, како небаре на тој начин ќе им дозволите да живеат малку подолго…
600 денВо кошничка