Атанас Крлевски
Мигум -хаику-
Мигум -хаику-Песните во книгата „Мигум“ привлекуваат со својата едноставност, длабоко спознание и метафорично пренесување на пораката. Настанати миговно, во еден здив на помисла, како записи на душата, мисли преточени во стихови во мигот на создавањето при допир, поглед, спомен, трепет. Откривање и разголување што се случува додека трепнеш, брзо, вдахновено, стреловито. Со порака што жари и се разлева низ мислите на примачот како трага од симболи што самата се открива, се декодира при првиот допир со свеста. Проникнати од длабочината на една поетска душа, извлечени од богатиот пишувачки порив на една поетска оригиналност, неодминливо е чувството на уметничка сладост со кое секоја од песните плени и допира, оставајќи траги од нови мисли и зборови што ги длабат мислите на оние што ги впиваат, читајќи ги мигум, во еден трепетен здив. Токму онака како што и самиот автор Крлевски не случајно ја насловил својата нова збирка хаику-поезија „Мигум“, посветена на мигот што ја има силата да биде точка на раѓање, на создавање, на менување, на преобразба, на судбина.
200 денВо кошничка