Детали за книгата

Зошто дојдовме?

150 ден

(38) Војводата Панчо Михајлов – Чавдар одржал величествен говор пред ќустендилските граѓани, обраќајќи им се со зборовите:

„Ние доаѓаме од земјата на вечните солзи – Македонија, балканската голгота… Таму во Македонија ние со успех водиме борба на живот и смрт со онаа бесна власт што го носи валканото име ‘српска’, со онаа византиска управа што се нарекува ‘грчка’ и со многу други непријатели на македонската слобода. Нашите позиции таму се непробојни, затоа што целото население застана под знамето на ВМРО, кое единствено војува за слободата на Македонија, зашто маките и солзите ни се заеднички. Борбата за слободата на Македонија ќе ја водиме додека зората на слободата не огрее и над таа, колку измачена, толку убава земја“.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox