Детали за книгата

Зошто беше убиен Александар Протогеров

800 ден

(78) Во воведот на книгата, анонимниот автор, односно автори, заземајќи страна на Иван Михајлов, ја истакнува и целта што сака да се постигне со објавувањето на книгата: да се распространат заблудите што кружат во јавноста за убиството на А. Протогеров; и да и се даде можност на „вистинските пријатели на македонската ослободителна борба“, да ги проценат објективно настаните околу убиството на А. Протогеров. Преку расветлувањето и изнесувањето на фактите и документите и нивно анализирање, се дава можност „секој чесен човек“ да донесе правилно мислење за причините за убиството на А. Протогеров, кој, според мислењето на авторот на книгата, А. Протогеров бил „егзекутиран“, во името на „високите интереси на Внатрешната македонска револуционерна организација, верен заштитник на интересите на поробена Македонија“. Притоа, во книгата, преку фактите и документите, авторот настојува да „се стави крај на легендата за ‘величината’ и значењето на Протогеров за Македонското ослободително движење“.

Категорија: Автор:

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox