Детали за книгата

Управувањето на Внатрешната револуционерна организација

300 ден

(73) Во книгата Матов ја разработува изборната норматива на Внатрешната револуционерна организација, повеќе во суштинска отколку во формална смисла. Ја развива теоријата за применетиот начин на назначувањето на раководители, раководни тела, судски тела на Организацијата, револуционери – за учители… Го елаборира системот на управување на Организацијата, подржувајќи ја тезата за непостоење на цврста централизација во тоа управување. Всушност гледањето од несогласувачите со него дека Организацијата е централизирана го демантира со своето гледање на оваа состојба како на организационо единство. Го нагласува повеќе моралното влијание отколку влијанието од позиција на власт на повисоките началства на Организацијата во моментите кога требало да се потврди или да се одрекне нешто од подолното управно тело. Во таа смисла ја прави и споредбата со примената на заветот на Александар Македонски „На најдостоинствениот!“.

Категорија: Автор:

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox