Детали за книгата

Познатиот свет

350 ден

Романот зборува за животот на Хенри Таунсенд, човек кој успеал од некогашен роб да стане фармер благодарение на Вилијам Робинс, најмоќниот човек во округот Манчестер.
Неговата неверојатна дисциплина е таа која му помага никогаш да не наиде на проблеми со законот, вредно вршејќи ја својата работа и грижејќи се за семејството. Но смртта неочекувано решава да затропа на неговата врата, земајќи го со себе и оставајќи ја неговата жена да се справи со сите нешта.
На еден смел и неверојатно амбициозен начин авторот нè води низ животот на робовите и нè тера да се запрашаме што значи зборот морал и какви импликации носи тој со себе.
Дали е возможно моралноста да зависи од бојата на кожата, социјалната подреденост или нечие потекло се прашањата кои ќе ви одѕвонуваат во главата долго откако ќе ја прочитате книгата.

Категорија: Автор:

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox