Детали за книгата
Оливер Ромевски – Комплет 1
300 ден
Комплет романи напишани во филмски стил
Два романи со возбудливи приказни и многу акција, кои се читаат во еден здив.
- Бројачи – Оливер Ромевски
- Ловец на души – Оливер Ромевски
Email: info@stranica.mk
Бесплатна достава над 800 ден.
300 ден
Два романи со возбудливи приказни и многу акција, кои се читаат во еден здив.
„Прозниот избор го именувавме Dallgët e jetës („Бранови на животот“), според симболиката на содржината на расказите и фрагментите на романите, кои ќе ни раскажуваат како нашите предци пливале спроти брановите на животот, како храбро и јуначки ги совладувале или надминувале за да дојдат до потивки рамнини со повеќе правда, убавина и човечка љубов. Нема да патуваме пред вас по патеките на патот бидејќи сум сигурен дека тоа вие ќе го направите подобро и поубаво.“ (избор раскази за деца)
400 ден 200 денВо кошничка
Книгата претставува избрана поезија на Нехас Сопај, издадена во текот на минатите триесет години која, главно, ја преставува неговата најартикулирана поезија. Во творечкиот опус – поет, прозаист и научен творец – делото го отвора профилот и природата на творечкиот лик на Н. Сопај кое претставува едно од највредните современи албански поетски дела.
Збирката песни се доживува како еден животопис на поетот од неговите почетни стапки кон отворањето и освојувањето на светот околу себе. Внатре во овој временски круг јасно се чита егзалтацијата на првите години од поетските вдахновенија и ескалацијата на разочарувањето од книга до книга за на моменти да звучи како драматично самосожалување.
350 ден 175 денВо кошничка
Романот претставува потрага, вознемирувачка внатрешна самопотрага, по неговото село, по луѓето од тоа село, по неговиот креативен свет. Во оваа потрага и во хаотичната внатрешна самопотрага претставена е празнотијата на светот, празнина која го исфрла од рамнотежа постоењето на селото кое ги покажува неартикулираните однесувања, дејствата, желбите, соништата, радостите, тагите и болките на селаните. Таа е агресивна, регулаторна празнина чијшто извор не го знае никој, ниту, пак, ја знае нејзината цел; таа е поттикнувач кој се исфрла себеси некогаш како див бран, а некогаш како неочекуван одлив кој се оддалечува во една внатрешна изолација само за уште еднаш повторно да се распрсне, како и секогаш.
400 ден 200 денВо кошничка
И во регистарот на првата збирка и во склоп на регистарот на втората збирка присутни се, меѓу другите, и имиња кои сега веќе зазеле свое место во националното поетско небо на албански јазик. Ги имаме предвид, пред сè, делото на Линдита Ахмети, но и имињата како: Шкелзен Халими, Салајдин Салиху, Шазим Мемети, Авни Халими, Илир Ајдини, Лулзим Хазири и др.
350 ден 175 денВо кошничка
Романот „Рапави Стихови“ покренува едно суштествено прашање: како да се преобрази Куќата во Дом, во топло семејно огниште. Кога животот се поминува во потрага по таков Дом кој ќе биде огледало на архетипот на Домот, природно е да се очекува да дојде до опсесивна обземеност од идејата за враќањето во првата куќа, природно е да дојде до фасцинација од идејата за првата куќа (не од самата куќа!).
400 денВо кошничка
Адем Гајтани, по вокација, бездруго е лиричар чии љубопитства на духот се интимните потраги по недоловливите суптилности на немирот, убавината, внатрешните бранувања, недореченостите на животот. Оваа лирика е една тивка рапсодија којашто самиот автор ќе ја нарече „преточување на мислата во чувство и на чувството во мисла“. Таа сета е грч, напнатост, упорно стремење кон дофатот на таа посакувана хармонија. Тоа е лирика што се разлева во елегични созвучја, во импресионистички меланхолични снимки на минливоста, во неизгасена жед за експлозијата и убавината кај човекот и природата. Тоа е лирика на задржани и претпазливи позајмувања на видливите и невидливите убавини што, напати, можат, дури како тајни, да се отклучат со малото клуче на песната. Дури и за миг.
300 ден 150 денВо кошничка
Минуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
400 ден 200 денВо кошничка
„Овој избор поезија го крстивме според една истоимена песна на поетот, Мехмедали Хоџа: Paç ditë të mbarë („За твојот среќен ден“) и поради тоа што читањето на книга е, покрај другото, еден вид убаво патување, впрочем како што е животот на детето и човечкиот живот воопшто. Посакуваме од срце многу читатели на книгите во училишните библиотеки, библиотеките во населбите и градовите, родители, наставници… страниците на оваа книга да ги придружуваат во пријатни и интересни патувања и освежувања.“
400 ден 200 денВо кошничка
Во ова издание, избор на книжевна критика, се опфатени пет автори: Џеват Гега, Махмут Хиса, Лулјета Исаку, Зеќирија Незири, Мирлинда Крифца и Африм Реџепи, кои повремено, или во континуитет ја практикуваа ова гранка на книжевната наука кај нас.
400 ден 200 денВо кошничка
По избор и редакција на Халил Зендели, во оваа збирка раскази, претставени се осум автори на раскази: Шкелзен Халими, Халил Зендели, Шазим Мехмети, Авни Халими, Хајрула Мисини, Хајри Шаќири, Бурханедин Џемаили и Бејтуш Мехмети.
350 ден 175 денВо кошничка
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |