Детали за книгата
Оливер Ромевски – Комплет 1
300 ден
Комплет романи напишани во филмски стил
Два романи со возбудливи приказни и многу акција, кои се читаат во еден здив.
- Бројачи – Оливер Ромевски
- Ловец на души – Оливер Ромевски
Email: info@stranica.mk
Бесплатна достава над 800 ден.
300 ден
Два романи со возбудливи приказни и многу акција, кои се читаат во еден здив.
По избор и редакција на Халил Зендели, во оваа збирка раскази, претставени се осум автори на раскази: Шкелзен Халими, Халил Зендели, Шазим Мехмети, Авни Халими, Хајрула Мисини, Хајри Шаќири, Бурханедин Џемаили и Бејтуш Мехмети.
350 денВо кошничка
Децата не сакаат да читаат приказни само со детска тематика. Детската литература, која пред сè е литература, со сите специфики претставува најсофистицирана форма на пишаната литература. Детската литература може да биде и од интерес на читателите од секоја возраст. Бидејќи е читлива и лесно разбирлива поради специфичниот литературен јазик, израз и форма, таа претставува посебен литературен вид.
Литературата за деца го одразува целото богатство во светот на децата, почнувајќи од раното детство сè до крајот на детскиот период, како и чувствителноста на децата за време на детството.
500 денВо кошничка
Минуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
400 денВо кошничка
Авторот, преку своето секојдневие, контактите со луѓето ја продлабочувал својата потрага по корените. Неговата деликатна личност, рефлексијата на добрината и великодушноста, како да се ставени во служба на отворање пат за неговата внатрешна визија, за да го совлада својот вистински поетски простор, кому дефинитивно му се предал… Низ поезијата на Ислами се следи нишка за неговото родно место, во подножјето на Шара, неговото огниште.
400 денВо кошничка
Главни теми се општествените настани. Големо влијание за ваквата определба е доминацијата на овие теми во текот на првите години по завршување на Втората светска војна. Станува збор за теми од окупацијата, а потоа од изградбата на разурнатата земја. Во оваа книга се поместени творби од млади турски писатели.
Поместените творби во споменатиот избор сведочат за почетокот на една нова малцинска книжевност. Првите турски писатели во Македонија ги користат плодовите на слободниот живот и преродба.
350 денВо кошничка
Адем Гајтани, по вокација, бездруго е лиричар чии љубопитства на духот се интимните потраги по недоловливите суптилности на немирот, убавината, внатрешните бранувања, недореченостите на животот. Оваа лирика е една тивка рапсодија којашто самиот автор ќе ја нарече „преточување на мислата во чувство и на чувството во мисла“. Таа сета е грч, напнатост, упорно стремење кон дофатот на таа посакувана хармонија. Тоа е лирика што се разлева во елегични созвучја, во импресионистички меланхолични снимки на минливоста, во неизгасена жед за експлозијата и убавината кај човекот и природата. Тоа е лирика на задржани и претпазливи позајмувања на видливите и невидливите убавини што, напати, можат, дури како тајни, да се отклучат со малото клуче на песната. Дури и за миг.
300 ден 200 денВо кошничка
Уште од прочитот на првите неколку песни од збирката „Дворски песни“ се добива впечаток со мајсторска и интересна лирска изведба која побудува соодветна емотивно – рефлексивна резонанција кај читателот и несмалена љубопитна заинтересираност до последната песна од збирката, небаре е во прашање потрага по продолжение и крај на некоја интригантна приказна која го зграбила со некоја насетена загадочност целото читателско внимание.
150 денВо кошничка
Оваа збирка поезија е компонирана како осум глави на една поема. Меѓу осумте циклуси, првиот има вкус на филозофско разочарувачко чудење, додека последниот, „Хиероглифите за пркосот на каменот во бури“, доаѓа како природен заклучок на едно лирско- епско патешествие. Враќањето звучи завршно, истовремено со чувството дека тоа ќе се повторува до бескрај. Во оваа талкање со „вечната кола“, се провлекува еден издвоен глас, којшто еднаш се појавува како странка (јунак), друг пат како второ Јас, а понекогаш идентичен како оној на авторот.
350 денВо кошничка
„Од првиот прочит ракописот на Стефановски се изделуваше со зрелоста на поетскиот пристап, со суптилноста на исказот и необичната сугестивност на опсесивните артикулации во неговите стихови. Тоа набргу по излегувањето на книгата, за мнозина неочекувано, му ја донесе престижната награда ’Браќа Миладиновци‘, по што авторот се вброи меѓу нејзините угледни избраници“.
400 денВо кошничка
…делото доби и нови прерогативи, стана непреодна парадигма за многу народи во различни времиња, но истовремено стана голема лекција и со универзално, психолошко и морално значење. Овој роман и ден денес зрачи со својата актуелност и виртуелната драматичност.
Али Алиу ќе заклучи: „Книжевноста останува непокорниот чувар на човековата меморија во прилог на зачувување на својот идентитет“. Без сомнение овде некаде е фокусиран и лајтмотивот на книгата: со клучот на Сервантес да се отворат влезните врати во душата на оставената енигма на албанството.
500 денВо кошничка
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |