Детали за книгата

Месечевиот тигар

300 ден

Клодија Хемптон, убава, позната писателка, е на смртна постела во болница. Но, како што медицинските сестри и` приоѓаат со тивка љубезност, таа го смислува нејзиното најдобро дело: „историја на светот… а, во исто време, и моја“. Постепено таа одново го создава богатиот мозаик на нејзиниот живот и време, повикувајќи ги оние што ги познавала. Тука е Гордон, нејзиниот брат што го обожува, и Џаспер, нејзиниот шармантен, недоверлив љубовник и татко на Лиза, нејзината рамнодушна, конвенционална ќерка. Потоа тука е и Том, нејзината голема љубов, и најдена и изгубена за време на војната во Египет. Романот на Пенелопи Лајвли, кој ја доби Букеровата награда, содржи исклучителна мешавина од спомени, сеќавања и менливи гласови во една прогонувачка приказна за загубата и желбата.

Категорија: Автор:

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox