Детали за книгата

Македонското прашање

250 ден

(64) Книгата „Македонското прашање“ претставува аналитички и синтетизиран труд, резултат на авторовите етнолошки студии. При пишувањето на делото, тој користел обемна литература, постара и современа и без двоумење констатира дека во основата на македонското прашање се залегнати два проблема – политичкиот и етнолошкиот. Анализата на политичкиот аспект на македонското прашање, Нидерле ја започнува со определување на хронолошката рамка, односно од 50-тите до крајот на 70-тите години на XIX век. Тој констатира дека во 50-тите години запознавањето на европската јавност со Македонија веќе напредувало, додека пак политичарите ѝ посветиле особено внимание во 60-тите години во врска со стремежот за создавање на „самостојна бугарска црква“ (независна од вселенската Цариградска патријаршија).

Категорија: Автор:

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox