Детали за книгата

Македонската трагедија гледана од Рим

450 ден

(39) Книгата „Македонската трагедија гледана од Рим“, Џорџо Нуриџани најпрвин ја објавил во 1933 година во Италија, а истата година и во Софија, Бугарија. Во книгата тој дава пресек на историјата на Македонија и на македонското прашање од Санстефанскиот договор во 1878 година, Балканските војни и по Првата светска војна. Во книгата тој посебно ги разработува Македонската револуционерна организација, македонското прашање по Првата светска војна, Македонија под власта на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, односно Кралството на Југославија, идејата за автономија на Македонија и како Италија гледа на случувањата во Македонија, односно на „македонската трагедија“.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox