Детали за книгата

Ловец на души

250 ден

„ЛОВЕЦ НА ДУШИ“ е прв вистински возбудлив акционен роман на македонски јазик, кој од многу аспекти ги исполнува светските критериуми на овој жанр. Се чита во еден здив. Опишува период кој се случува не толку одамна, и не така далеку: зборува за војната во Босна и Херцеговина. Мистеријата на злото влезено во луѓето, кое тежнее да го убие телото и неговите атрибути (животот, духот, вољата, достоинството), е прикажано преку оние луѓе кои во војната склопија сојуз со ѓаволот. Оттука и целата книга се стреми да не потсети на значењето на нашиот живот… На крајот на книгата, покрај големиот број жртви победува доброто, сепак со неможноста на главниот јунак, да го убие синот на ѓаволот Бастијан. Значи се останува исто, злото постоело и ќе постои, разликата е само во методите на борба против него.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox