Детали за книгата

Крушево и неговите борби за слобода

250 ден

(50) Историографската книга „Крушево и неговите борби за слобода“ од Никола Киров-Мајски претставува едно од првите поцелосни истории за ова древно и непокорно гратче и неодминлив и неисцрпен извор за сите проучувачи на Илинденскиот револуционерен чин. Во неа тој дава едно реално видување, во вид на кратка историја, на политичките борби на Крушево до Илинденското востание, со посебен осврт на Илинденската револуција и на нејзините херојски епски борби како највисок дострел на револуционерните напори и обиди на македонскиот народ за слобода и создавање на своја сопствена држава. Иако мала по обем, таа претставува прва историја на Крушево и значајно сведоштво за македонската илинденска голгота. Всушност оваа книга претставува историја на политичките борби на народот од овој крај за конечно ослободување од неподносливото турско ропство, како и од духовните и политичките влијанија од соседните држави на Балканот.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox