Email: info@stranica.mk
Email: info@stranica.mk
Бесплатна достава над 800 ден.
420 ден
Мисија… во потрага по љубовта… во потрага по тајната…
Мистерија, возбуда, научна фантистика – 2 одлични романи кои ќе ви го задржат вниманието до самиот крај.
„Прозниот избор го именувавме Dallgët e jetës („Бранови на животот“), според симболиката на содржината на расказите и фрагментите на романите, кои ќе ни раскажуваат како нашите предци пливале спроти брановите на животот, како храбро и јуначки ги совладувале или надминувале за да дојдат до потивки рамнини со повеќе правда, убавина и човечка љубов. Нема да патуваме пред вас по патеките на патот бидејќи сум сигурен дека тоа вие ќе го направите подобро и поубаво.“ (избор раскази за деца)
400 ден 200 денВо кошничка
Првобитна тематска орбита во поезијата на Мурат Исаку е колективната егзистенција и преведениот опстанок низ историјата и социјалните рефлексии. Циклусите се со силен емоционален набој, вклучувајќи ја инспирацијата која доаѓа од сеќавањето за детското огниште и драматичната историја до кругот на семејството, потесно и пошироко, реално и метафорично, и интимните талкања и летови, заедно со двата тематски столба, кои ги носат бојата и вкусот на драматичното минато, оптоварувањето на една разочараност и потиштеност, горчливиот вкус на судбината, исто како што самостојно имаат вкоренето и вродено една длабока верба, еден отворен и благонадежен хоризонт кон утрешнината.
450 ден 225 денВо кошничка
Минуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
400 ден 200 денВо кошничка
Користејќи го своето богато дипломатско искуство и способност за аналитички просудби, Петровски овој пат, во романот Задгробен разум, главно се фокусира на судбинските настани по периодот што го живееме од осамостојувањето на македонсата држава. Слично како и во претходните негови романи, акцентот е ставен на пресудните теми за современоста исполнета со жестоки предизвици и трауми, делби и омрази, коишто оставаат длабоки траги во свеста на обичниот човек и во колективната меморија.
250 ден 125 денВо кошничка
Милован Стефановски го одбрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу. Или да ни го раскаже и она што можеби нам веќе ни било познато, но да ни го раскаже така како никогаш дотогаш да не сме го знаеле.
400 денВо кошничка
Децата не сакаат да читаат приказни само со детска тематика. Детската литература, која пред сè е литература, со сите специфики претставува најсофистицирана форма на пишаната литература. Детската литература може да биде и од интерес на читателите од секоја возраст. Бидејќи е читлива и лесно разбирлива поради специфичниот литературен јазик, израз и форма, таа претставува посебен литературен вид.
Литературата за деца го одразува целото богатство во светот на децата, почнувајќи од раното детство сè до крајот на детскиот период, како и чувствителноста на децата за време на детството.
500 ден 250 денВо кошничка
Скопје, Градски Парк
Поручникот Санчез полека го возеше армискиот џип со ознаки на КФОР движејќи се кон градскиот парк во Скопје. Пушти долги светла да има подобра прегледност на патот. Беше напнат. Гласот на девојката што го повика беше пријатен и му остави впечаток на сериозност. Му нудеше шанса да напредува во кариерата и да се приближи до Вашингтон. Му беше здодеало на Балканот, заборавен, без можност за промоција. Девојко, подобро да го имаш тоа што го кажуваш, си рече и погледна кон пиштолот кој го имаше оставено на совозачкото седиште. Една минута до полноќ, погледна на часовникот. Само што помисли да посегне по мобилниот телефон… заѕвони.
300 ден 150 денВо кошничка
Главни теми се општествените настани. Големо влијание за ваквата определба е доминацијата на овие теми во текот на првите години по завршување на Втората светска војна. Станува збор за теми од окупацијата, а потоа од изградбата на разурнатата земја. Во оваа книга се поместени творби од млади турски писатели.
Поместените творби во споменатиот избор сведочат за почетокот на една нова малцинска книжевност. Првите турски писатели во Македонија ги користат плодовите на слободниот живот и преродба.
350 ден 175 денВо кошничка
„Овој избор поезија го крстивме според една истоимена песна на поетот, Мехмедали Хоџа: Paç ditë të mbarë („За твојот среќен ден“) и поради тоа што читањето на книга е, покрај другото, еден вид убаво патување, впрочем како што е животот на детето и човечкиот живот воопшто. Посакуваме од срце многу читатели на книгите во училишните библиотеки, библиотеките во населбите и градовите, родители, наставници… страниците на оваа книга да ги придружуваат во пријатни и интересни патувања и освежувања.“
400 ден 200 денВо кошничка
Избор на раскази од авторите: Шукру Рамо, Мустафа Карахасан, Суреја Јусуф, Махмут Киратли, Фахри Каја, Реџеп Бугарич, Ѓулер Селим, Авни Енѓулу, Авни Абдулах, Мустафа Јашар, Алаетин Тахир, Суат Енѓулу и Енвер Илјас.
450 ден 275 денВо кошничка
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |