Email: info@stranica.mk
Email: info@stranica.mk
Бесплатна достава над 800 ден.
420 ден
Мисија… во потрага по љубовта… во потрага по тајната…
Мистерија, возбуда, научна фантистика – 2 одлични романи кои ќе ви го задржат вниманието до самиот крај.
Оваа збирка поезија е компонирана како осум глави на една поема. Меѓу осумте циклуси, првиот има вкус на филозофско разочарувачко чудење, додека последниот, „Хиероглифите за пркосот на каменот во бури“, доаѓа како природен заклучок на едно лирско- епско патешествие. Враќањето звучи завршно, истовремено со чувството дека тоа ќе се повторува до бескрај. Во оваа талкање со „вечната кола“, се провлекува еден издвоен глас, којшто еднаш се појавува како странка (јунак), друг пат како второ Јас, а понекогаш идентичен како оној на авторот.
350 ден 175 денВо кошничка
Милован Стефановски го одбрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу. Или да ни го раскаже и она што можеби нам веќе ни било познато, но да ни го раскаже така како никогаш дотогаш да не сме го знаеле.
400 денВо кошничка
350 ден 175 денВо кошничка
Добро едуцираниот пациент постојано работи на подигнување на своето здравје и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил и пад на имунитетот и знае кога треба да го суплементира организмот со додатоци во исхраната.
Добро едуцираниот пациент е бенефит за сите: го штеди своето време, своето здравје и целиот здравствен систем бидејќи не оди на лекар за секоја настинка, течење нос, дијареја, запек или покачена температура и на тој начин се остава повеќе простор за дијагноза и третман на оние пациенти со посериозни здравствени проблеми.
350 ден 175 денВо кошничка
Романот „Рапави Стихови“ покренува едно суштествено прашање: како да се преобрази Куќата во Дом, во топло семејно огниште. Кога животот се поминува во потрага по таков Дом кој ќе биде огледало на архетипот на Домот, природно е да се очекува да дојде до опсесивна обземеност од идејата за враќањето во првата куќа, природно е да дојде до фасцинација од идејата за првата куќа (не од самата куќа!).
400 денВо кошничка
300 ден 150 денВо кошничка
Во 2014-та година се појави првиот и единствен научен труд кој го разоткрива феноменот на бугарските пасоши за македонски државјани!
Книга која буквално научно ги обелодени сите потези на бугарската држава од пред сто години до сега, но и сите блокади и барања кои ќе ги постави Република Бугарија на Република Македонија.
Одговор на триесет и шест клучни прашања за Република Македонија! Која е бугарската, а која македонската државна стратегија?
Оваа книга стана одлично четиво на студентите по политички науки. Во самата книга има и специјализирана анонимна анкета направена со Македонци-носители на бугарски државјанства. Во книгата е направено потполно разоткривање на целата структура и корумпирана процедура, која беше голем скандал во 2018 година, а авторот ја истражил и предвидел уште во 2014-та!?
300 ден 150 денВо кошничка
Избор на раскази од авторите: Шукру Рамо, Мустафа Карахасан, Суреја Јусуф, Махмут Киратли, Фахри Каја, Реџеп Бугарич, Ѓулер Селим, Авни Енѓулу, Авни Абдулах, Мустафа Јашар, Алаетин Тахир, Суат Енѓулу и Енвер Илјас.
450 ден 275 денВо кошничка
Децата не сакаат да читаат приказни само со детска тематика. Детската литература, која пред сè е литература, со сите специфики претставува најсофистицирана форма на пишаната литература. Детската литература може да биде и од интерес на читателите од секоја возраст. Бидејќи е читлива и лесно разбирлива поради специфичниот литературен јазик, израз и форма, таа претставува посебен литературен вид.
Литературата за деца го одразува целото богатство во светот на децата, почнувајќи од раното детство сè до крајот на детскиот период, како и чувствителноста на децата за време на детството.
500 ден 250 денВо кошничка
Адем Гајтани, по вокација, бездруго е лиричар чии љубопитства на духот се интимните потраги по недоловливите суптилности на немирот, убавината, внатрешните бранувања, недореченостите на животот. Оваа лирика е една тивка рапсодија којашто самиот автор ќе ја нарече „преточување на мислата во чувство и на чувството во мисла“. Таа сета е грч, напнатост, упорно стремење кон дофатот на таа посакувана хармонија. Тоа е лирика што се разлева во елегични созвучја, во импресионистички меланхолични снимки на минливоста, во неизгасена жед за експлозијата и убавината кај човекот и природата. Тоа е лирика на задржани и претпазливи позајмувања на видливите и невидливите убавини што, напати, можат, дури како тајни, да се отклучат со малото клуче на песната. Дури и за миг.
300 ден 150 денВо кошничка
„Овој избор поезија го крстивме според една истоимена песна на поетот, Мехмедали Хоџа: Paç ditë të mbarë („За твојот среќен ден“) и поради тоа што читањето на книга е, покрај другото, еден вид убаво патување, впрочем како што е животот на детето и човечкиот живот воопшто. Посакуваме од срце многу читатели на книгите во училишните библиотеки, библиотеките во населбите и градовите, родители, наставници… страниците на оваа книга да ги придружуваат во пријатни и интересни патувања и освежувања.“
400 ден 200 денВо кошничка
„Од првиот прочит ракописот на Стефановски се изделуваше со зрелоста на поетскиот пристап, со суптилноста на исказот и необичната сугестивност на опсесивните артикулации во неговите стихови. Тоа набргу по излегувањето на книгата, за мнозина неочекувано, му ја донесе престижната награда ’Браќа Миладиновци‘, по што авторот се вброи меѓу нејзините угледни избраници“.
400 ден 200 денВо кошничка
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |