Email: info@stranica.mk
Email: info@stranica.mk
Бесплатна достава над 800 ден.
420 ден
Мисија… во потрага по љубовта… во потрага по тајната…
Мистерија, возбуда, научна фантистика – 2 одлични романи кои ќе ви го задржат вниманието до самиот крај.
„Овој избор поезија го крстивме според една истоимена песна на поетот, Мехмедали Хоџа: Paç ditë të mbarë („За твојот среќен ден“) и поради тоа што читањето на книга е, покрај другото, еден вид убаво патување, впрочем како што е животот на детето и човечкиот живот воопшто. Посакуваме од срце многу читатели на книгите во училишните библиотеки, библиотеките во населбите и градовите, родители, наставници… страниците на оваа книга да ги придружуваат во пријатни и интересни патувања и освежувања.“
400 денВо кошничка
„Алпинистот“ е вториот роман на поетот и раскажувач Еќрем Баша. Во првиот, „Вратите на молкот“ фабулната оска, иако мазна и доста редуцирана, во поновиот роман е позбирна, поконцентрирана во една точка: единствениот лик, Алпинистот. Читателот во улога на некој лик можеби ќе стапне на дотогаш неосвоениот врв на планината а што тој цели да го совлада – со име Момина Карпа, а можеби и гратчето од каде тргнува Алпинистот, чие присуство во сижето на романот е само како еден шепот и озборување исфрлени во воздух, но кои како сенка ќе го следат чекор по чекор. Алпинистот сонува да го совлада врвот. За него ова е главна, единствена, посакувана животна цел. Врвот, меѓутоа, праќа сигнали за несовладливост: тој го има одбиено, подбиено и казнето во минатото секој таков претендент…
300 денВо кошничка
Минуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
400 денВо кошничка
Оваа збирка поезија е компонирана како осум глави на една поема. Меѓу осумте циклуси, првиот има вкус на филозофско разочарувачко чудење, додека последниот, „Хиероглифите за пркосот на каменот во бури“, доаѓа како природен заклучок на едно лирско- епско патешествие. Враќањето звучи завршно, истовремено со чувството дека тоа ќе се повторува до бескрај. Во оваа талкање со „вечната кола“, се провлекува еден издвоен глас, којшто еднаш се појавува како странка (јунак), друг пат како второ Јас, а понекогаш идентичен како оној на авторот.
350 денВо кошничка
Авторот, преку своето секојдневие, контактите со луѓето ја продлабочувал својата потрага по корените. Неговата деликатна личност, рефлексијата на добрината и великодушноста, како да се ставени во служба на отворање пат за неговата внатрешна визија, за да го совлада својот вистински поетски простор, кому дефинитивно му се предал… Низ поезијата на Ислами се следи нишка за неговото родно место, во подножјето на Шара, неговото огниште.
400 денВо кошничка
Користејќи го своето богато дипломатско искуство и способност за аналитички просудби, Петровски овој пат, во романот Задгробен разум, главно се фокусира на судбинските настани по периодот што го живееме од осамостојувањето на македонсата држава. Слично како и во претходните негови романи, акцентот е ставен на пресудните теми за современоста исполнета со жестоки предизвици и трауми, делби и омрази, коишто оставаат длабоки траги во свеста на обичниот човек и во колективната меморија.
250 денВо кошничка
Главни теми се општествените настани. Големо влијание за ваквата определба е доминацијата на овие теми во текот на првите години по завршување на Втората светска војна. Станува збор за теми од окупацијата, а потоа од изградбата на разурнатата земја. Во оваа книга се поместени творби од млади турски писатели.
Поместените творби во споменатиот избор сведочат за почетокот на една нова малцинска книжевност. Првите турски писатели во Македонија ги користат плодовите на слободниот живот и преродба.
350 денВо кошничка
Книгата претставува избрана поезија на Нехас Сопај, издадена во текот на минатите триесет години која, главно, ја преставува неговата најартикулирана поезија. Во творечкиот опус – поет, прозаист и научен творец – делото го отвора профилот и природата на творечкиот лик на Н. Сопај кое претставува едно од највредните современи албански поетски дела.
Збирката песни се доживува како еден животопис на поетот од неговите почетни стапки кон отворањето и освојувањето на светот околу себе. Внатре во овој временски круг јасно се чита егзалтацијата на првите години од поетските вдахновенија и ескалацијата на разочарувањето од книга до книга за на моменти да звучи како драматично самосожалување.
350 денВо кошничка
По избор и редакција на Халил Зендели, во оваа збирка раскази, претставени се осум автори на раскази: Шкелзен Халими, Халил Зендели, Шазим Мехмети, Авни Халими, Хајрула Мисини, Хајри Шаќири, Бурханедин Џемаили и Бејтуш Мехмети.
350 денВо кошничка
„БРОЈАЧИ“ е неверојатен трилер за луѓето со неверојатни моќи- да ја пресметаат патеката на куршумот, движењето на објектите, точките на среќавање.И кога авантурата ќе почне од Њујорк, преку Македонија, Јапонија, за да заврши во Либија во кампот на Пустинските убијци, возбудата е тука.Одличен роман на Оливер Ромевски, нормално во филмски стил.
200 денВо кошничка
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |