Email: info@stranica.mk
Email: info@stranica.mk
Бесплатна достава над 1000 ден.
420 ден
Мисија… во потрага по љубовта… во потрага по тајната…
Мистерија, возбуда, научна фантистика – 2 одлични романи кои ќе ви го задржат вниманието до самиот крај.
„…урбана драма со бројни неочекувани животни пресврти, еден вид сурова приказна за љубовта и религијата, за злото и предавството, но и за непредвидливата и не ретко монструозна човечка особина за нанесување голема болка, поради алчност и страст. На едно место во текстот и самиот автор вели дека ова е приказна за судбината и јагодите создавајќи еден вид алегориска поврзаност со овој нежен плод кој на еден индиректен начин може да се земе и како своевиден водич низ наративниот тек на романот. Токму јагодите што се одгледуваат во близината на Скопје, всушност, ја претставуваат основата на оваа приказна бидејќи сѐ се врти околу нив, но тивко и ненаметливо и никогаш на прво место.“
400 ден 200 денВо кошничка
Романот претставува потрага, вознемирувачка внатрешна самопотрага, по неговото село, по луѓето од тоа село, по неговиот креативен свет. Во оваа потрага и во хаотичната внатрешна самопотрага претставена е празнотијата на светот, празнина која го исфрла од рамнотежа постоењето на селото кое ги покажува неартикулираните однесувања, дејствата, желбите, соништата, радостите, тагите и болките на селаните. Таа е агресивна, регулаторна празнина чијшто извор не го знае никој, ниту, пак, ја знае нејзината цел; таа е поттикнувач кој се исфрла себеси некогаш како див бран, а некогаш како неочекуван одлив кој се оддалечува во една внатрешна изолација само за уште еднаш повторно да се распрсне, како и секогаш.
400 ден 200 денВо кошничка
„Од првиот прочит ракописот на Стефановски се изделуваше со зрелоста на поетскиот пристап, со суптилноста на исказот и необичната сугестивност на опсесивните артикулации во неговите стихови. Тоа набргу по излегувањето на книгата, за мнозина неочекувано, му ја донесе престижната награда ’Браќа Миладиновци‘, по што авторот се вброи меѓу нејзините угледни избраници“.
400 ден 200 денВо кошничка
Главни теми се општествените настани. Големо влијание за ваквата определба е доминацијата на овие теми во текот на првите години по завршување на Втората светска војна. Станува збор за теми од окупацијата, а потоа од изградбата на разурнатата земја. Во оваа книга се поместени творби од млади турски писатели.
Поместените творби во споменатиот избор сведочат за почетокот на една нова малцинска книжевност. Првите турски писатели во Македонија ги користат плодовите на слободниот живот и преродба.
350 ден 175 денВо кошничка
Авторот, преку своето секојдневие, контактите со луѓето ја продлабочувал својата потрага по корените. Неговата деликатна личност, рефлексијата на добрината и великодушноста, како да се ставени во служба на отворање пат за неговата внатрешна визија, за да го совлада својот вистински поетски простор, кому дефинитивно му се предал… Низ поезијата на Ислами се следи нишка за неговото родно место, во подножјето на Шара, неговото огниште.
400 ден 200 денВо кошничка
Милован Стефановски го одбрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу. Или да ни го раскаже и она што можеби нам веќе ни било познато, но да ни го раскаже така како никогаш дотогаш да не сме го знаеле.
400 денВо кошничка
Времето на раскажуваната приказна во романот е лоцирано на втората половина од седумнаесеттиот век. Ова временска рамка, авторот, ја кажува индиректно (по смртта на Паскал, периодот на Луј Четиринаесетти, и др.). Точките врз кои се преплетува настанот, кодовите над кои се раслојува семантичкото значење, над кои се преклопуваат и се откриваат приложените рефлекси се: грабежот на Анамата на Субашата од гратчето (претставник на отоманската власт во имагинарниот албански град), пештерите и легендите за пештерата, ѕидовите на една градба која оди кон завршетокот и останува на половина пат…
350 ден 175 денВо кошничка
Уште од прочитот на првите неколку песни од збирката „Дворски песни“ се добива впечаток со мајсторска и интересна лирска изведба која побудува соодветна емотивно – рефлексивна резонанција кај читателот и несмалена љубопитна заинтересираност до последната песна од збирката, небаре е во прашање потрага по продолжение и крај на некоја интригантна приказна која го зграбила со некоја насетена загадочност целото читателско внимание.
150 ден 75 денВо кошничка
Минуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
400 ден 200 денВо кошничка
Оваа збирка поезија е компонирана како осум глави на една поема. Меѓу осумте циклуси, првиот има вкус на филозофско разочарувачко чудење, додека последниот, „Хиероглифите за пркосот на каменот во бури“, доаѓа како природен заклучок на едно лирско- епско патешествие. Враќањето звучи завршно, истовремено со чувството дека тоа ќе се повторува до бескрај. Во оваа талкање со „вечната кола“, се провлекува еден издвоен глас, којшто еднаш се појавува како странка (јунак), друг пат како второ Јас, а понекогаш идентичен како оној на авторот.
350 ден 175 денВо кошничка
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |