Детали за книгата

Академик Властимир Николовски и неговиот „Концерт за пијано и оркестар“

1,000 ден

Композиторот Властимир Николовски е еден од најзначајните, најпознатите и најголемите македонски музички автори од втората половина на XX век, творечки дух кој во своите дела создава оригинална синтеза на интелектот, како стремеж кон заокруженоста и прегледноста на формата со бујниот темперамент и интуицијата, кои во неговите дела се покажуваат преку извонредното чувство за ритам и ритмичка пулсација.

„Концертот за пијано и оркестар“ од академик и композитор Властимир Николовски претставува антологиско дело за македонското музичко творештво, заради што, со професорот д-р Томе Манчев, одлучивме детално да го проучиме и да дојдеме до одредени констатации и заклучоци за естетските вредности содржани во делото, како врвен приоритет на секој автор. Но, за да се дојде до финална констатација, потребно е, пред сè, да се проучат: формата, драматургијата, тематизмот од аспект на мелодијата и сите други сегменти произлезени од неа.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox