Детали за книгата

Последните денови на Кукуш

200 ден

(52) Авторот, како поранешен кукушки окружен управител и очевидец се сеќава на големите, тридневни „кукушки борби“, кои се случиле од 19 до 21 јуни 1913 год. Ноќта на 16 спроти 17 јуни 1913 година, бугарската војска, ги нападнала своите поранешни сојузници, Србија и Грција (на македонска територија). По жестоките борби кај Кочани и Кукуш во првите денови на војната, бугарските војски биле принудени да се повлечат кон исток покрај р. Брегалница и на север по левиот брег на р. Струма. Содржината на книгата се однесува токму на споменатите борби кај гр. Кукуш и неговата блиска околина, кога се случило целосно уништување и опожарување на градот, на народната одбрана и на трагичното бегство на населението од родните огништа и неговото иселување.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox