Белетристика
Без плачење
Без плачењеРоман напишан според приказните кои авторката ги слушнала од нејзината мајка, а се однесуваат на Граѓанската војна во Шпанија.
Низ делото може да се препознаат два главни наратори, петнаесетгодишната Монсе, која се наоѓа на крстосница и треба да избере меѓу семејството и револуцијата, должноста и љубовта, и Жорж Бернанос, писател кој со свои очи сведочи за сите братоубиства кои оваа војна го носи со себе.
250 денВо кошничка
Битката
Битката„Битката“ зборува за битката кај Асперн во 1809 година меѓу француската војска под водство на Наполеон и австриската империја.
Поделена во седум поглавја, секое поглавје всушност ги опишува настаните кои се развиваат во неколку дена, почнувајќи од подготовките за битката, самата битка и денот потоа.
Главниот лик во романот е Наполеон, претставен „како измамен, ненаситен силеџија, управуван од суета и омразен од неговите најблиски другари“. Дводневната битка е опишана во детали, вклучувајќи ги подготовките на Наполеон за битката, неговата избрзана и крајно катастрофална одлука за изградба на понтонски мост преку Дунав како и масовното убиство на стотици затвореници.
300 денВо кошничка
Величествените Амберсонови
Величествените АмберсоновиПочесното семејство е најпросперитетното и најмоќното во малото гратче. Младиот Џорџ Амберсон Минафер, син на патријархот, е ужасно разгален од неговата мајка Изабел. Израснувајќи во арогантна личност, сигурен во своето богатство и позиција, и целосно незапознаен со животите на другите луѓе, Џорџ се вљубува во Луси Морган, млада, но чувствителна дебитантка. Постои долга историја меѓу мајката на Џорџ и таткото на Луси, за која Џорџ не знае. Како што гратчето прераснува во голем град, индустријата цвета, престижот и богатството на Амберсонови се намалува, а Морганови, благодарение на претпазливиот татко на Луси, стануваат сè попросперитетни. Кога Џорџ ќе ги саботира сè поголемите чувства на неговата мајка, кон таткото на Луси, животот, каков што го познава, престанува да постои.
350 денВо кошничка
Доротеа Мерц
Доротеа Мерц„Доротеа Мерц“ е книга која ги раскажува животните случувања на главната хероина, почнувајќи од нејзината младост па сè до крајот на животот.
„До кој степен може да оди човечката суровост и желбата за богатство и моќ и дали постои момент кога тие може целосно да се задоволат?“ е прашањето кое нема да ви дозволи да ја оставите книгата сè додека не дојдете до последната страница.
300 денВо кошничка
Духот во син кадифен фустан
Духот во син кадифен фустан„Девојчето стоеше до прозорецот, гледаше во лавандата, нејзиното мало бело лице беше сериозно. „Здраво,“ рече Џејн храбро. Девојчето се сврте бавно, малку се насмевна… и исчезна“. Џејн е книжен молец. Па кога ќе остане без книги кај Хилдретови, додека нејзините родители пловат на брод до Шкотска, на Џејн наскоро ¬ станува здодевно. Потоа, како по пат на магија, на масичката крај нејзиниот кревет се појавува книга – истото се случува и следната ноќ, и следната. Но како и од кого? Трогателна, забавна и здраворазумна приказна.
200 денВо кошничка
Зајко е богат
Зајко е богатДејството е сместено во 1979 година. Хари „Зајко“ Ангстром веќе не трча, сега оди и чувствува како многу често снемува здив.
Неговиот живот е во совршен ред, тој е главен застапник и косопственик на „Спрингер моторс“, носи скапи одела, а неговата банкарска сметка секојдневно расте. Од друга страна тука е и неговата жена која времето го поминува главно на две локации, или дома или во клубот, работејќи на својата форма.
Но ако сè е во совршен ред тогаш зошто му е толку тешко да прифати како нештата излегле на крајот?
И зошто, кога ќе го погледне своето семејство, постојано чувствува некакво неописливо каење за сите тие животи кои нема да ги проживее?
500 денВо кошничка
Законот
ЗаконотГротескната игра на Законот што се играла во таверните во јужна Италија е само сенка на еден уште пожесток став кон животот; моќна метафора за енергичниот хиерархиски поглед за постоењето кој владеел над Меѕоџорно, гнездото на културата во јужна Италија. Овој роман не бара од нас да ја помилуваме или осудиме страста на Дона Лукреција, сигурната самофокусираност на учениот ари- стократ Дон Цезар или дури и злобните желби на Матео Бриганте, кумот кој сака да има сè под контрола. Од нас себара само да набљудуваме. Во таа смисла Законот помалку изгледа како дело со чиста фикција, а повеќе како серија од остроумно забележани патувачки скици.
330 денВо кошничка
Ќерката на оптимистот
Ќерката на оптимистотЛуѓето на Маунт Салус, Мисисипи отсекогаш имале добро мислење за судијата Меккелва. Тој беше тивок, цврст, мирен, токму каков што треба да биде еден судија. Потоа, десет години смртта на неговата прва жена, тој се жени за лекомислената млада Ванда Феј. Никој не може да ја сфати неговата постапка, ниту неговата сакана ќерка, Лорел, на која е тешко да ја прифати новата жена. Сепак неколку години подоцна, кога сплетот на околности ќе ја доведе во домот каде го помина детството, Лорел ќе прокопа низ старите сеќавања и ќе ги сфати несекојдневните појави во нејзиното одгледување, и вистинската врска меѓу неа и нејзините родители.
250 денВо кошничка
Крв и блесок
Крв и блесок„Крв и блесок“ ја раскажува болната приказна за матадорот Рикардо Гарсија. По голем број борби, тој веќе се чувствува уморно и не сака никогаш повеќе да биде дел од таквите претстави. По смртта на неговиот бандериљеро, тој одлучува да ја напушти арената и никогаш повеќе да не се врати таму. Сепак, на ова се противи неговата млада љубовница Марилена, која со помош на чуварот на Рикардо, го убедува матадорот повторно да се бори. Рикардо се согласува повторно да се спушти во арената, но дали нештата ќе завршат онака како што сите посакуваат, или можеби убиецот одеднаш ќе стане жртва на својот плен…
Добитник на наградата „Гонкур“ за 1935 година
300 денВо кошничка
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина200 денВо кошничка
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина
Маса, покриена со чаршав и со бокал во срединаКнигата ја опишува психолошката тортура на еден човек кога тој се соочува со претстојно испрашување на Масата за еден мал прекршок. Маканин во детали го опишува секој лик што е присутен на Масата, нивната намера, техниките и психологијата. Тој во наврати ја опишува и физичката тортура на осомничените во советското време и менталната тортура на некои од нив што присилно ги дрогирале во државни психијатриски болници.
Намерно или не, Маканин на многу добар начин ја опишува моралната корупција на руското/советското општество.
200 денВо кошничка
Месечевиот тигар
Месечевиот тигарКлодија Хемптон, убава, позната писателка, е на смртна постела во болница. Но, како што медицинските сестри и` приоѓаат со тивка љубезност, таа го смислува нејзиното најдобро дело: „историја на светот… а, во исто време, и моја“. Постепено таа одново го создава богатиот мозаик на нејзиниот живот и време, повикувајќи ги оние што ги познавала. Тука е Гордон, нејзиниот брат што го обожува, и Џаспер, нејзиниот шармантен, недоверлив љубовник и татко на Лиза, нејзината рамнодушна, конвенционална ќерка. Потоа тука е и Том, нејзината голема љубов, и најдена и изгубена за време на војната во Египет. Романот на Пенелопи Лајвли, кој ја доби Букеровата награда, содржи исклучителна мешавина од спомени, сеќавања и менливи гласови во една прогонувачка приказна за загубата и желбата.
300 денВо кошничка
МК Хигинс Великиот
МК Хигинс ВеликиотМајо Корнелиус Хигинс е тинејџер со афроамериканско потекло кој заедно со семејството живее на планината Сара. Одненадеж нивниот мир е нарушен од една рударска компанија која безмилосно го уништува сето она кое за нив претставува нивен дом. Во главата на Мајо се појавуваат првите идеи за бегство и напуштање на планината, но сепак не е така едноставно да се напушти домот и местото за кое те врзуваат безброј нешта. Суеверноста на планинските луѓе и нивната силна поврзаност со природата, нивните, за многумина, дури и премногу чудни обичаи и традиционални песни, се нештата заради кои оваа книга долго време ќе ви остане во сеќавање.
Добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 1992 година.
300 денВо кошничка
Морето
МоретоКога Макс Морден, историчар на уметност, се вратил во крајбрежното селово кое некогаш, во детството, бил на летен одмор, тој бега од неодамнешната загуба и се соочува со далечната траума. Во тоа далечно лето, семејството Грејс се појавило од нигде никаде. Привлечен од близнаците Грејс, Клои и Мајлс, Макс набрзо сфатил дека е заплеткан во нивните животи кои биле толку примамливи како што биле и вознемирувачки. Она што следело ќе го прогонува целиот негов живот и ќе влијае врз си што следува.
300 денВо кошничка
Наргунот и ѕвездите
Наргунот и ѕвездитеНенадејно, се чу дивиот крик на Наргунот, како вика од планината, исполнет со целото време и темнината кои стоеја меѓу ѕвездите. Крикот ги задржа пред вратата, додека одѕвонуваше меѓу планините и полека стивна. Чарли го турна Сајмон внатре и ја затвори вратата. „Го налутивме“ – шепна Сајмон. Кога родителите на Сајмон Брент ќе бидат убиени тој е испратен да живее кај братучедите на неговата мајка во Вонгадила, нивната огромна фарма за овци. Сајмон се чувствува како аутсајдер. Но тој не е единственото нешто кое не припаѓа таму.
200 денВо кошничка
Опсадата на Кришнапур
Опсадата на КришнапурГодината е 1857 година. Во Кришнапур, британската заедница мирно и спокојно го живее својот живот, самоуверено игнорирајќи ги гласините за неволја меѓу домородните трупи на територијата на Хиндустан. Само управникот, г. Хопкинс, ја насетува опасноста. Животот е досаден, но обележјата на цивилизацијата мора да бидат искрено сочувани. Кога сепојите од блискиот гарнизон се креваат на крвав бунт, Британците целосно збунети и шокирани се повлекуваат. Криејќи се зад импровизираните барикади, опкружени со многубројните споменици, дел од Големата изложба на Управникот, тие одлучно решаваат да се борат за своите животи, но и за нивниот специфичен начин на кој ги живеат тие животи, со сите средства кои во тој момент ги имаат на располагање.
350 денВо кошничка