Вирџинија Вулф
Госпоѓа Даловеј
Госпоѓа ДаловејНевозможно е, речиси, да се читаат делата на Вирџинија Вулф, а да не се земе предвид периодот во кој тие биле напишани. Тоа било време на разни немири и промени, предизвикани од Првата светска војна, кои, пак, се одразиле на целото општество. Како резултат на тоа, востановениот начин на живот почнал да се распаѓа. Не само што почнале да се менуваат политичките гледишта туку тоа се одразило и на односите меѓу луѓето, зашто општествениот ранг почнал да станува помалку важен.
„Госпоѓа Даловеј“ може да се смета и за еден вид психолошко-терапевтско растоварување и вентил, визија и студија на сјајот и бедата на човечката душа и ум, внимателно расплетување на човечката свест и потсвест, доживување на себе и светот околу себе. Токму овие одлики ја сочинуваат вредноста на овој роман на Вирџинија Вулф.
300 денВо кошничка