Виола Дамјановски
Индиго
ИндигоСликовити, полни животни искуства куси раскази, да речеме Чеховски економични, оти со малку раскажуваат многу, цел еден тридецениски транзициски период кој како индиго ја отсликува душата на младоста. Секоја приказна е роман на единката, негова хронологија од раното детство до зрелоста, четврт век неизвесност.
Имињата на ликовите се многу повеќе од симболични, тие се исцртани карактери на типични ликови од транзицијата, како и насловите на приказните од чиј микрокосмос се чита макрокосмосот на планетарните милениумски промени, кои го голтаат човештвото како Бермудски триаголник. Во збирката раскази собран е шмекот на скопските кафулиња, збиралишта на добронамерни и злонамерни, пркосни и пакосни скопски и белосветски фаци, низ чии судбини се преплетува нишката на љубовта, единственото нешто кое светот го прави убаво место за живеење.
Татјана Алексиќ
300 денВо кошничка