Димитар А. Спиров
Македонија и нејзините претенденти
Македонија и нејзините претенденти(30) Димитар А. Спиров објавил текст структурно и идејно карактеристичен за XIX век. Обидувајќи се да го зајакне искажаниот став, тој се повикува на „историски аргументи“ (средновековната политичка традиција на пр.), со што би обезбедил легитимитет за временско првенство на бугарската „голема идеја“ во идеолошкиот натпревар со реалните соперници, српската и грчката, во однос на Македонија. Сите историски митови, ликови и процеси тој ги вреднува според нивниот придонес кон остварувањето на националниот идеал – санстефанските прелиминарни граници. Овој наратив (во голема мера искривен) требал да биде во функција на изградба на национално (бугарско) единство, но и да се поведат луѓето против разните стварни и божемни внатрешни и надворешни непријатели, во конкретното историско време.
350 денВо кошничка